Струмица ќе биде еден од градовите во кои на 16-ти октомври, по повод Денот на гладта ќе се одржи акцијата „Нахрани 10.000“ на која сите хумани граѓани и компании ќе можат да донираат храна од 10 до 19ч. Целта на оваа акција е да се поттикнат граѓаните да донираат храна и да го подигнат нивото на солидарност кон тие што немаат.
Потребно е да се донира храна со подолг рок на траење која подоцна ќе биде ставена во пакети и дистрибуирана до различни категории на социјално загрозени граѓани низ Македонија. Асоцијацијата „Ајде Македонија“ предводник на мрежата „Сите сити“ ја организира оваа акција. Претседателот на Асоцијацијата – Блаже Јосифовски истакна дека нивната цел е да се подигне свеста за фрлањето храна и дека мрежата „Сите сити“ располага со над 20.000 граѓани кои помагаат во десет градови од земјава и изрази надеж дека ќе бидат донирани десет тони храна.
Освен во Струмица, акцијата ќе биде спроведена на вкупно 33 локации во Радовиш, Кочани, Прилеп, Виница, Куманово, Битола и Скопје.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.