Продолжува пролетната акција во склоп на проект – кампањата „Еко Фронт – Чиста да ни е“ во организација на општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ за генерално чистење на населените места.
Во кампањата беа опфатени дивите депонии на локалниот пат кон населените места Баница и Водоча, a вчера, на терен излегоа екипи од работната единица „Комунална хигиена“ и беше извршено генерално чистење во населено место Баница.
Акцијата се одвиваше рачно и механички, со специјална механизација за ваков вид чистење.
Од „Комуналец“ повторно упатуваат апел до граѓаните да земат учество на било каков начин во кампањата „Еко фронт – Чиста да ни е“, па заеднички да се даде еден нов белег во чистотата и културата на живеење во општина Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.