Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

97-годишниот партизан Ванчо Величковски им одаде почит на своите соборци од НОВ

Девеесет и седумгодишниот партизан Јован Ванчо Величковски од село Митрашинци, денес по повод одбележувањето на празникот „11-ти Октомври”, им одаде почит на своите соборци од НОВ пред Споменикот на револуцијата во Струмица.

Покрај борецот, цвеќе пред Споменикот положија и Градоначалникот на општина Струмица, делегација од Општината, политички партии и граѓани.

„Повторно е 11. Октомври. Повторно го дочекавме големиот ден кој е олицетворение на македонскиот непокор, денот кој ја раѓа во нас желбата за почитување и празнување. Денес правиме временско премостување од цели 78 години за да си припомниме на еден исклучително значаен настан од нашиот историски времеплов. Овој ден не кани да ги разбудиме чувствата за незаборав кон еден светол датум и настан, и кон сите оние кои исполнети со верба и слободарски дух оставиле востанички белег во него” изјави Градоначалникот Јаневски по повод празникот.

Денес во Македонија се слави државниот празник „11. Октомври” – Денот на народното востание и Денот на борецот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.