Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

82-годишна госпоѓа е тешко повредена откако била удрена од автомобил на улицата „Братство Единство“

На 10.12.2019 во 18.15 часот на ул.„Братство Единство“ во Струмица, патничко возило „Пежо 307“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 41-годишен жител на Струмица, удрило во 82-годишна госпоѓа од Струмица.

Во незгодата, госпоѓата се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.