Судскиот совет при Основниот суд – Струмица го прогласи за виновен Марјанчо Велев од Добрејци за убиство на струмичанецот Ристо Иљашев определувајќи му казна затвор во траење од 20 години.
Спред доказите кои му биле достапни на Судот сите јасно укажувале на тоа дека токмѕ Велев го извршил свирепото убиство, а откако го убил го завиткал во фолија, го ставил во буре и го фрлил во водите на акумулацијата „Турија“.
Семејството на убиениот Иљашев не се задоволни од висината на казната, очекувале доживотна казна.
Велев се товари за уште едно убиство, кое го извел на сличен начин, а телото на убиениот А.М. беше извадено од водите на „Турија“,
затворено во камионски резервоар за гориво.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.