Денес се навршуваат 16 години од трагичната авионска несреќа која се случи во близина на Мостар, Босна и Хергшцеговина во која животот го загубија вториот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, целата негова делегација и екипажот.
Трајковски е роден во Моноспитово, Босилово во 1956-тата година. Тој беше вториот претседател на Македонија од 15-ти декември 1999-та година се до 26-ти февруари 2004-та година, кога неговиот мандат заврши со неговата трагична смрт.
Трајковски важеше за исклучителна личност. Нему, постхумно му беше доделен Орден на Р.Македонија во 2005-та година. За време на неговиот мандат, во земјата се случуваа борбени дејствија, по кои, се дојде до промена на Уставното уредување на Македонија.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.