Во вчерашната крводарителска акција која беше организирана од Црвен крст – Струмица и Службата за трансфузиона медицина од Струмица беа собрани 16 единици крв од граѓаните на целиот регион на општина Струмица.
Од Црвен крст им се заблагодарија на хуманите крводарители и ги повикуваа сите граѓани од општината да даруваат крв во летниот период, кога потребата за крв е најголема.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.