Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица премиера на филмот „Сведок“ на Митко Панов

На 08.04.2019-та година (понеделник) во 20 часот, во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, премиерно ќе биде прикажан филмот „Сведок“ на македонскиот режисер и сценарист – Митко Панов.

Филмот ја раскажува херојската приказна на еден млад и амбициозен приправник во Хаг – Винс Харингтон, кој доаѓа на Балканот во потрага по сведокот кој може да стави крај на процесот против генерал Пантиќ (Рефет Абази). Но, во моментот на соочување со таинствената легенда, Генералот Никола Радин (Бруно Ганц) и неговата ќерка Инес (Наташа Петровиќ), локалната власт тргнува во хајка против нив. При самиот крај на својата авантура на Балканот, Винс ќе се соочи со судирот пмеѓу правдата на срцето и онаа на хашките легислативи, запаѓајќи и самиот во нивната замка.

Влезницата чини 100 денари, а филмот ќе има и репризни проекции и тоа во вторник на 09.04.2019-та година во 20 часот и во среда, на 10.04.2019-та година во 20 часот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.