Денеска во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи предавање и работилница со унгарската продуцентка Силвија Хушар како проект под името „Конфронт драма“.
Предавањето е наменето за: театарската, книжевна и културолошка заедница на Р. Македонија (професори, студенти, истражувачи, преведувачи, драмски автори, драматурзи, актери, режисери, продуценти, менаџери) и ансамблот на НУ Театар Антон Панов-Струмица (актери, режисери, драматурзи, продуценти, театарски менаџери).
Работилницата е со структура на отворен семинар и ќе се одржи во малата сала во „Антон Панов“ – Струмица и е наменето за истите погоре спомнати групи.
Предавањето и работилницата е англискиот јазик, со симултан превод на македонски јазик.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.