Епицентарот на одбојката во Македонија веќе со години е Струмица, а колку е влијателна таа вистина ќе ви одговори списокот со репрезентативци кои ги пративме на ЕП во Љубљана. Од 15-те кои денеска ќе излезат на деби-натпреварот против Финска, дури девет се струмичани! Од шестмината во првата постава – пет!
Се разбира, ги предводи капитенот Никола Ѓорѓиев, тука е неговиот брат Ѓорѓи, а сограѓани им се уште и Александар Љафтов, Владо Милев, Ристо Николов, Васе Михаилов, Славе Наков, Филип Маџунков и Стојан Илиев. Тоа се 9 од 15, влијание какво што немале ниту стружани во ракометната репрезентација, ниту кој било друг град во која било друга репрезентација.
Повеќе детали прочитајте на спорт1.мк
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.