Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмичките гласовни титани блескаат како милион долари на Евровизискиот портокалов тепих

Александра Јанева и Васил Гарванлиев, кои во моментов се наоѓаат во Тел Авив, Израел, каде на 16-ти, како бек-вокали на Тамара Тодевска ќе настапат на Евровизија, во своите најдобри изданија се појавија на Евровизискиот портокалот тепих.

На тепихот на кој продефилираа сите национални претставници на овогодинешното издание на Изборот за песна на Евровизија, кој почнува вечерва, прошета и македонската делегација, составена од Тамара Тодевска, дел од продукцискиот тим, како и најдобрите струмички вокали Александра Јанева и Васил Гарванлиев кои, заедно со Антониа Гиговска ќе ја надополнуваат Тамара на големата Евровизиска сцена.

Голем број од медиумските екипи кои го пренесуваат шоуто наречено Евровизија од Тел Авив, покрај Тамара, внимание им посветуваат и на нејзините бек-вокали, оценувајќи ги како најдобрите кои годинава ќе настапат во „Експо Тел Авив“ салата.

Единствено македонските бек-вокали Васил, Александра и Антониа ја имаа честа да бидат интервјуитани од евровизискиот портал „Wiwibloggs“. Прашани дали имаат амбиции да настапат како соло артисти на Евровизија, сите тројца одговорија позитивно.

Можеби како артист со најмногу снимани песни во својата кариера од трите бек-вокали на Тамара, Александра Јанева има најголеми шанси да ја видиме догодина како претставник на Македонија на Евровизија, или пак во струмичкиот дует Јанева – Гарванлиев.

Евровизиските фанови под видеата на YouTube веќе почнаа со своите агитирања за можниот македонски евровизиски претставник во 2020-та, кој го забележаа токму во еден од годинешните македонски бек-вокали.

Нашиот тим годинава се натпреварува во втората полуфинална евровизиска вечер, која ќе се одржи на 16-ти мај. Песната „Proud“ со која Тамара ќе настапи вечерта е дело на Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветковски, а текстот на харизматичниот Коста Петров и Сања Поповска.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.