Денес Владата на својата 153-та седница донесе одлука за одобрување на 5 милиони денари или 81.300 евра од буџетот за приклучување на струмичката болница на градскиот гасовод.
„Донесена е одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во износ од 5.000.000 денари, за спроведување на мерки за намалување на аерозагадувањето и намалување на високите концентрации на ПМ10 и ПМ2.5 честички во Општина Струмица, кои ќе бидат наменети и за приклучување на Јавната здравствена установа Општа Болница Струмица на градскиот гасовод. Со оваа интервенција ќе се намали аерозагадувањето во градот, бидејќи болницата сега се загрева со нафта, со што ќе бидат остварени дополнителни заштеди откако нафтата ќе биде заменета со поевтино и еколошко гориво“ – известија од Владата.
Струмичката болница ќе се приклучи на градскиот гасовод

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.