Музичкото талент шоу „Ѕвезда бр.1“, кое се емитува на националната телевизија 1ТВ започна со своите аудиции од Гевгелија и Струмица.
На аудицијата во Струмица голем број талентирани струмичани се појавија да покажат што умеат, кога се пеачките способности во прашање.
Една од нив беше талентираната 19-годишна Ангела Илиева, која пред жирито се претстави со перфектна изведба на „Natural Woman“ од кралицата на соул-от Арета Френклин.
Покрај Ангела, силен впечаток кај жирито оставија и Весна Спасова, Тања Арсовски, Славица Ангелова, како и 14-годишната Драгана Костова.
Аудициите после Струмица и Гевгелија продолжуваат во Кавадарци.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.