На 19-ти април 2019-та година (петок), со почеток од 19:30 часот, во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ќе биде поставена самостојната изложба „Интерфејс“ на Дејан Божиновски – Коска.
Дејан Божиновски – Коска е инаку академски сликар од Куманово, кој дипломирал на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Досега имал неколку самостојни изложби, а неговите дела главно се наоѓаат во приватни и јавни колекции на Балканот, вклучувајќи музеи, библиотеки и галерии.
Тој постигнува високи достигнувања на факултетот за ликовни уметности, што придонело да добие значајно признание од страна на неговиот професор и ментор Јован Шумковски.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.