Во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) кој опфаќа три компоненти, меѓу кои и компонентата стимул за училиштата – реновирање, денеска, во кабинетот на градоначалникот Коста Јаневски, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу двете училишта, ООУ „Маршал Тито“, СОУ „Јане Сандански“ и општина Струмица, со Македонскиот центар за граѓанско образование и УСАИД.
Со овој проект ќе се изврши поставување на меѓукатна конструкција (плоча) на спратот на училишната зграда и замена на постоечкиот под во ООУ „Маршал Тито“ и фасадирање на североисточната страна на СОУ „Јане Сандански“.
Општина Струмица континуирано ги поддржува сите проекти со чија реализација се подобруваат условите за изведување на воспитно – образовниот процес во училиштата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.