Работната единица од одделението „Механизација“ и „Градско зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, деновиве вршеше санација и обновување на урбаната опрема која е поставена на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во центарот на градот.
Со цел да се зачува убавиот лик на градот, од „Комуналец“ – Струмица апелираат и за поголема свест на несовесните граѓани кои ги уништуваат јавните добра.
Исто така вработените од овие одделенија на „Комуналец“ – Струмица извршија и санација и обнова на мостот над каналот во индустриска зона Сачево.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.