Долгонајавуваниот музички проект „Дом. Патување. Љубов.“ кој претставува соработката на извонредниот струмички вокален интерпретатор Васил Гарванлиев и гитаристот Горан Алиќ конечно е достапен на YouTube.
12-минутниот „анплагд“ перформанс во живо содржи седум внимателно одбрани македонски песни, меѓу кои „Чија си“, „Километри“, „Кажи зошто ме остави“, „Зајди зајди“ и други.
„Ви спремивме 12 минутно музичко патување, кое го изработивме со љубов и со домашна, македонска песна изведена и снимена во живо. Благодарност до целиот тим кој врвно и професионално ја изработи својата задача и изразувам јавна благодарност до Васил кој ме избра мене за овој настан.“ напиша Горан Алиќ на својот Фејсбук профил.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.