Еден од најдобрите македонски вокали, струмичанката Александра Јанева, го објави својот нов сингл „Се одбирам себе”.
Музиката за песната е дело на Александра, Тино Стојановски и Иле Спасев, а зад текстот стои Јана Бурческа.
Синглот е објавен на само неколку дена пред Александра да застане на грандиозната евровизиска сцена во Тел Авив, придружувана од Васил Гарванлиев и Антонија Гиговска, како беквокали на Тамара Тодевска.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.