Градоначалникот Коста Јаневски денеска одржа средба со претставниците на медиумите на која што ги информираше за проектите реализирани во првата половина од неговиот мандат, како и за проектите кои што ќе бидат приорите во наредниот период.
„Фактите го потврдуваат нашето задоволшство што најголем дел од планираното го сработуваме. Во 2018-та година имавме реализација на буџетот од 85% што е една од подобрите во последните години” изјави Градоначалникот за медиумите.
Градоначалникот Јаневски на функцијата дојде во октомври 2017-та година, на местото на дотогашниот В.Д. градоначалник Костадин Костадинов.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.