Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесе решение за свикување на дваесет и осмата седница на Советот на Општина Струмица.
Седницата ќе се одржи на ден 29.10.2019 година (вторник) во
Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
Дневен ред
1. Предлог – Одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2019 година;
2. Предлог – Одлука за одобрување Измена на Извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски;
3. Предлог-Одлука за одобрување трансвер на финансиски средства на ЈПЕД “Струмица-гас“ Струмица;
4. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Ристо Христов од Струмица;
5. Предлог – Одлука за утврдување на локации и почетна цена за поставување на рекламни паноа (билборди) и информациони табли на територијата на Општина Струмица;
6. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 41 УЕ 5 – Општина Струмица, плански период 2014 – 2019;
7. Предлог – Програма за за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2019 година;
8. Предлог – Програма за одржување на улиците во град Струмица и населените места, како и локалните патишта во Општина Струмица за 2019/2020 година во зимски услови;
9. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2019 година;
10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 13/1 КО Баница;
11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 8/1 КО Баница;
12. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈПЕД „Струмица-гас“ за 2019 година; и
13. Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица гас“ Струмица за третиот квартал од 2019 година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.