Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Македонскиот кандидат за „Оскар” – Документарецот „Медена земја” на 8. со премиера во Струмица

Македонскиот документарец „Медена земја” кој воедно е и македонскиот кандидат за престижната филмска награда „Оскар”, добитник на наградата за најдобар светски документарен филм на престижниот филмски фестивал „Санденс” во Америка, на 8. овој месец, премиерно ќе биде прикажан во Струмица.

„Медена земја” ја следи приказната на последната пчеларка во Европа, која се соочува со сериозен предизвик кога треба да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа. Во Медената земја пристигнуваат пчелари номади кои го прекршуваат основното правило: земи половина од медот, а другата половина остави им ја на пчелите.

Најнаградуваниот македонски документарен филм е дело на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, а во него се појавуваат Хатиџе Муратова, Нафизе Муратова и Хусеин Сам.

Во моментов авторите се во САД, каде што ја продолжуваат промотивната кампања на филмот во трката за „Оскар“.

Проекцијата во Струмица е закажана за 8. ноември во 20 ч., во Центарот за култура „Антон Панов“, а влезницата ќе чини 100 денари.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.