Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Струмица на 06.11.2019 година донира 21 училишен ранец со прибор и тетратки на ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Иловица и ООУ „Мануш Турновски“ од Ново Село.
Ранците и училишниот прибор беше обезбеден како донација, а се доделија на ученици кои доаѓаат од социјално загрозени семејства.
Од Организацијата велат: „Прекрасна беше нивната насмевка и ширум отворените очи кога новите ранци ги ставаа на грбот и се враќаа во училишните клупи со ветување за повеќе учење и подобар успех”.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.