СВР Струмица поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 05.11.2019 на ул.„Панче Пешев“ во Струмица пријавениот, со употреба на запалка и хартија, предизвикал пожар во патничко возило „рено лагуна“, сопственост на Б.С., кое било паркирано пред домот на сопственикот.
Истиот ден осомничениот бил лишен од слобода и приведен во ПС Струмица.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.