Јавното претпријатие за комунални дејности „КОМУНАЛЕЦ“ – Струмица во соработка со Општина Стумица во рамки на проектот „Еко Фронт“ започнаа едукативен проект „Чиста средина е здрава средина“.
Целта на проектот е да се подигне свеста на граѓаните за почиста животна средина, порационално користење на водата за пиење, како и да се објасни работата на Пречистителната станица за отпадни води.
Во проектот беа изработени рекламни спотови и репортажи со еколошка содржина и истите се емитуваат преку лед дисплејот на градскиот плоштад, преку регионалниот ТВ канал ВИС како и преку интернет порталите.
Беа изработени и слики кои се поставени на билбоардите низ градот. Исто така беа испечатени и флаери со еколошка порака со кои се информираат граѓаните за потребата за заштита и зачувување на животната средина и чистата вода за пиење.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.