Вчера, околу 09.00 часот, на регионалниот пат Струмица – Валандово, патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“, со велешки регистарски ознаки, управувано од В.М.(69) од Гевгелија, изгубило контрола и излетало од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.