Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во домот на АРМ денеска се одржа панел дискусија за Оперативниот план за вработување за 2020

Во домот на АРМ денеска се одржа панел дискусија за Оперативниот план за вработување за 2020, со фокус на регионалните и локалните проблеми, предизвици и потреби. Организатор беше министерството за труд и социјална политика, а истата се одржа со поддршка на општина Струмица.

Како учесник на панел дискусијата, градоначалникот Коста Јаневски ги информираше присутните за особеностите, визиите, целите и активностите на Локалниот економски социјален совет во општина Струмица, кој е прв во земјава и постои од далечната 2011 па се до денес.

Локалниот економски социјален совет има консултативна и советодавна функција, и разгледува прашања, дава совети, мислења, предлози и препораки до Советот на општината и други органи и институции за одредени прашања од економијата и социјалната сфера, особено за вработувања на младите и и зајакнување на суштинските врски меѓу потребите на пазарот на труд, дефинирани од страна на деловните субјекти, и вештините, квалификациите и знаењата кои младите ги поседуваат, благодарение на образовниот систем низ кој поминале.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.