По повод Денот на децата ООУ „ Видое Подгорец“ Струмица се вклучи во еден од најголемите меѓународни фестивали.
EQ POP UP фестивалот на Six seconds во партнерство со UNICEF е општествено одговорен настан кој се одржува во 175 земји ширум светот, а има за цел низ игра и забава да ја истакне важноста на емоционалната интелигенција.
Во активностите беа вклучени ученици од петто, шесто и седмо одделение, а истите ги реализира тим од одделенски и предметни наставници со поддршка на Стручната служба и директорот на училиштето.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.