Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Златното славејче кое ги наполни најголемите оперски арени во светот и снимаше во еминентните холивудски студија – Васил Гарванлиев, концертно пред домашните

Македонската музичка ѕвезда со најуважена интернационална кариера, Васил Гарванлиев, на 29-ти ноември, петок, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе запее за домашната публика, означувајќи го почетокот на новогодишната сезона со својот прв македонски солистички концерт.

Гарванлиев на сцената во „Антон Панов“ домашните ќе ги поведе на патување низ времето на македонската музика, премиерно изведувајќи ги своите „Ѓердан“, „Дома“, „Патувам“, како и промоција на досега неизведуваната „Мојата улица“ со видео запис и низа други други изненадувања.

На концертот со Васил на сцената ќе се појават плејада асови од македонската музичка сцена, меѓу кои: Давор Јордановски, Горан Алич, Александар Јовевски, Ратко Даутовски, „Полифонија“ – Гудачки Квартет, хорот „Св. Злата Мегленска“, и специјалниот гостин – Игор Џамбазов.

Картите за концертот се веќе пуштени во претпродажба во кафулињата во Струмица по цена од 200 денари, а заинтересираните можат да се обратат и на телефонскиот број 072/ 53 75 75.

Во поканата, Васил, кој сѐ уште ја носи победничката енергија од „Евровизија“ им порача на струмичани: „Ајде да патуваме заедно под ѕвездите на Струмица!“, а познавајќи ги неговите квалитети и немаме причина да се сомневаме во тоа.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.