ЈПКД „Комуналец“ од Струмица потпиша договор со приватен оператор од Струмица за собирање на смет на територијата на цела општина.
Одлуката на претпријатието, директорот на „Комуналец” ја правдаше во интервјуто за телевизија „Вис“, каде рече дека како единствено претпријатие со ингеренции за собирање на смет во општината имаат потреба од дополнителна механизација во моменти кога нивната е во нефункционална состојба или се сервисира.
Вредноста на договорот е во висина од 1.170.000 евра, а избраниот оператор ќе има за задача да го собира сметот од сите реони во градот Струмица, како и општината.
Ваквата новонастаната ситуација која директорот ја опиша како пионерска, нема да влијае на вработените во Комуналното претпријатие ниту пак врз цената за услугите кои ги добиваат граѓаните.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.