Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Струмица започна со изработка на локална стратегија за ХИВ

Општина Струмица, денеска, ја организираше првата работилница за изработка на локална стратегија за ХИВ.

Стратегијата ќе биде со важност за следните пет години и во нејзина изработка ќе учествуваат сите клучни институции и здруженија на граѓани од општината.

Стратегијата ќе ги синтетизира сите активности на општинските институции и здруженија и ќе предвиди нови активности со кои Струмица ќе остане општина со многу ниска ХИВ преваленција и развиени квалитетни програми за превенција, третман и грижа на лицата кои живеат со ХИВ.

Следната средба на работната група е предвидена да се одржи на 19 декември.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.