Откако претходно беше најавена, денес се одржа средба на Претставници на Комората на извршители на Македонија со граѓаните на Струмица, но само формално.
На настанот кој траел повеќе од два часа како што и формира порталот „Сакам да кажам” не се појавил ниту еден струмичанец заинтересиран за нивната работата или пак проблемите со кои се соочуваат.
Од ваквата незаинтересираност на струмичани да разговараат со извршителите изненаден бил Зоран Димов, претседател на Комората на извршители кој заедно со колегите денес во струмичкиот суд го организираа отворениот ден за граѓаните.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.