Денес се навршуваат осум години од смертта на македонската фолк легенда, Гоце Арнаудов.
Гоце беше роден во Струмица, во 1954-та година. Тој почина на 57-годишна возраст во Франција.
Во текот на својата исклучително успешна музичка кариера ги отпеа едни од најголемите македонски фолк хитови, меѓу кои и евергринот „Дали чекаш стара мајчице“ со кој во 1994-та победи на „Фолк Фест Валандово“, освојувајќи ги сите можни награди.
Гоце Арнаудов од 2000-та година е назначен за почесен граѓанин на Струмица, а во негова чест, во „Малиот Парк“ е подигнат и споменик.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.