Договорот кој струмички „Комуналец” го потпиша со приватна фирма од Струмица за собирање на смет, вреден 1.2 милиони евра, е раскинат, изјави Градоначалникот Јаневски.
Уште од самото објавување на веста дека „Комуналец” потпишал ваков договор наиде на огромна реакција од граѓаните кои сметаа дека договорот е скандалозен и доаѓа во време на преврабптеност и преголема задолженост на Јавното претпријатие.
Иако директорот на ЈПКД „Комуналец” во интервју за „Вис” го бранеше Договорот, тврдејќи дека е пионирски чин кој ќе има позитивни финансиски импликации по претпријатието, истиот сега е двострано раскинат, без можност било која од договорните страни да биде оштетена од раскинувањето на Договорот.
„Сакам да ја информирам јавноста дека договорот којшто ЈПКД „Комуналец“ го имаше склучено со одредена фирма за собирање смет, денеска е раскинат и тоа спогодбено со што ниту едната ниту другата страна нема да имаат правни последици од овој договор. И порано и сега сметам дека оваа реакција вроди со плод се со цел ваквите одлуки коишто ги интересираат нашите сограѓани и коишто се од голема важност за нив, треба да се одвиваат донесуваат потранспарентно со поширока дебата, со поиздржани решенија и сигурен сум дека такви решенија секако постојат. Јас и понатаму ќе се заложувам одлуките на општина Струмица да бидат максимално транспарентни и во корист на нашите сограѓани.“ изјави градоначалникот Коста Јаневски на својот Фејсбук профил.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.