Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмичани среќни со Државна лотарија: Сузана си доби најнов „iPhone“, Жанко 20.000 денари

Сузана Мурова од Ново Село, Струмица е најновата добитничка на мобилен телефон iPhone XR од инстант лозот „Среќен роденден“.

Добитниот лоз го купила од среќното продажно место „Ваткос“ во Струмица при прошетка кога решила да си ја проба среќата со само еден лоз.

Денес ја потврдивме добивката, а Сузана ни се пофали дека мобилниот телефон ќе биде новогодишен подарок за синот.

Покрај Сузана, Жанко Стоилов од Струмица е добитник на 20 000 денари од инстант лозот „Со среќа“.

За Жанко ова е прва добивка иако секој ден купува „Со среќа“ и „Мини и Макси“ кои му се омилени инстант лозови.

Среќниот добитник и неговата сопруга купиле повеќе лозови од различни продажни места низ Струмица и среќата им се насмевнала со 20 000 денари.

Како што ни кажаа сега имаат поголема мотивација да купуваат инстант лозови затоа што посакуваат да бидат сопственици на еден од преубавите автомобили од инстант лозот Мини и Макси.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.