Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во „Еуромакс Ресурсес” се длабоко разочарани од владината Одлука за раскинување на договорот за Иловица

Од компанијата „Еуромакс“, инвеститор во рударскиот комплекс „Иловица” соопштија дека денес го виделе соопштението од вчерашната 171-та владина седница на Владата и изјавите во врска со неа.

Од ова како што се вели во соопштението разбрале дека Владата на РС Македонија донела одлука еднострано да го раскине договорот за концесија за рударската област Иловица 6.

Од компанијата додаваат дека вва е политичка одлука што е во спротивност со официјални изјави на Владата, дадени во јавноста неодамна како и во последните неколку денови, дека тие чекаат Управниот суд да донесе одлука за ова прашање. Одлуката ова прашање да се реши од страна на администрацијата, во период додека судството го разгледува, сериозно го доведува во прашање владеењето на правото во РС Македонија.

На 1. октомври, „Еуромакс Ресоурцес“ изјави дека опцијата за меѓународна арбитража останува отворена и ќе се постапува соодветно. Сега тие во соопштението потврдија дека „Еуромакс“ назначи реномирана и престижна меѓународна адвокатска фирма „LANSKY, GANZGER & Partner“ да се подготви за таквиот исход.

Покрај нашата силна правна позиција во рамките на РС Македонија, убедени сме дека Еуромакс има силни аргументи за меѓународна заштита на инвеститорите, а Владата на РС Македонија треба да биде сигурна дека компанијата е подготвена да ги исцрпи сите домашни и меѓународни правни лекови, се дополнува во денешното соопштение.

Варшан Гокул, извршен директор на „Еуромакс Ресоурцес“ рече:
„Ова е длабоко разочарувачки. Како најголем странски инвестициски партнер во државата, компанијата во моментов е третирана повеќе од лошо од оваа Влада.
Во последните пет години инвестиравме милиони евра во земјата подготвувајќи се за изградба на проектот.
Претходно оваа година Европската комисија изрази загриженост за владеењето на правото во РС Македонија. Јасно е дека тешкотијата што ја имаме е доказ за тоа и не е изненадување што меѓународните партнери се загрижени за тоа што се случува во Скопје.
Ова ќе го обесхрабри секој што сериозно размислува да инвестира во земјата.
Иако постои правен лек за сето ова – и ние сме многу силни во нашата правна позиција – оваа можност само резултира со непотребно одложување и неактивност, спречувајќи нè да ги испорачаме многу потребни работни места и инвестиции.
Веќе неколку години соработуваме со локалната заедница. За жал, тие губат најмногу со оваа одлука на Владата 
“.

Др. Габриел Лански, партнер во LANSKY, GANZGER & Partner рече:
“Ние сме убедени дека Еуромакс има многу силен случај. Затоа, имаме насока и подготвеност да ги исцрпиме сите постојни домашни и меѓународни правни лекови.”
Одлуката се однесува на концесијата Иловица 6 на компанијата, а концесијата Иловица 11 останува непроменета.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.