Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во СОУ „Јане Сандански” инсталирани пречистувачи на воздух

Просториите каде учениците во СОУ „Јане Сандански” го поминуваат најголемиот дел од својот училишен ден ќе се опремуваат со уреди кои го прочистуваат внатрешниот воздух.

Пет вакви прочистувачи на воздух денеска беа донесени во училиште и наскоро ќе почнат да се користат во неколку училници.

Овие уреди служат за отстранување на контаминација односно на загадување од материи или заразни бактерии во една просторија. Тие се корисни во подобрувањето на квалитетот на воздухот во просторијата.

Прочистувачите беа доделени преку јавен оглас распишан од страна на Владата на кој аплицираше нашето училиште. Како што не информираше директорката Невенка Стојанова ова е прва фаза и се очекува понатаму училиштето да добие повеќе вакви уреди.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.