По најавите и сѐ поалармантната состојба на воздухот во Струмица, денес на мирен протест излегоа средношколците, кои од локалната и централната власт побараа итни мерки за решавање на овој проблем.
На протестот, на кој излегоа околу двесте струмички средношколци, симболично носеа медицински маски, а со својот денешен марш сакаа на Општината да ѝ ја предочат потребата од решавање на проблемот со сѐ позагадениот воздух и последиците кои граѓаните ги сносат како последица од истиот.
Иако протестот помина мирно, дел од средношколците упатуваа на одредени опструкции и закани за неизлегување од дел од наставниците како и директорите на училиштата.
Покрај Струмица, вакви протести денес имаше и во Скопје и во други градови во Македонија, а доаѓаат како поддршка на вчерашниот протест на иницијативата „Зелена револуција“ која одржа протест во главниот град.
Фото: Средношколски синдикат @ Фејсбук







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.