Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш повредени три лица

На 21.12.2019 во 06.45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш –  Струмица, во близина на с.Калуѓерица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко  возило „форд ескорд“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(52) од Радовиш и товарно возило „волксваген транспортер“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(42), од с.Ињево, радовишко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „форд ескорд“, Л.А.(53) од Радовиш, а со телесни повреди се здобил возачот и К.А.(56), кој бил сопатник од истото возило, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.