Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денес го посети новороденчето кое беше родено прво во 2020-та година во Струмица и неговата мајка.
На девојчето кое се роди во првата минута по полноќ градоначалникот традиционално му подари штедна книшка со 20 илјади денари.
„Новиот жител на нашата oпштина во оваа нова 2020 година е девојче, родено во првата минута по полноќ. Го посетив новороденчето и неговата мајка Сандра Тошева од населеното место Муртино во болницата во Струмица. Им посакав се најубаво во Новата година, а на новороденчето му подарив и штедна книшка со 20 илјади денари“, изјави градоначалникот по посетата.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.