Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Клубот на млади при „Црвен крст“ – Струмица со материјална помош за социјално загрозено 8-члено семејство

Клубот на млади на ОО „Црвен Крст“ од Струмица го организираше новогодишниот базар пред нова година, во ООУ „Видое Подгорец”.

Целта на овогодинешниот базар беше во овој празничен период да му помогнат на некое семејство во висок социјален ризик.

Денеска со средствата кои ги собраа од хуманите сограѓани, на едно 8-члено семејство им набавија намирници потребни за една богата бадна и божиќна трпеза.

Радоста на нивните лица, како што опишуваат младите волонтери при „Црвениот крст“, беше видлива и со паќетчињата кои им ги донираше #ЕВН Македонија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.