Во текот на првата недела од 2020. година (30.12.2019–05.01.2020), пријавени се 207 случаи со заболувања слични на грип, што е зголемување за 31,0% во споредба со минатата недела
Оваа недела пријавени се случаи од 14 извештајни единици т.е. региони, од кои во 7 извештајни единици бројот на пријавени е 10 или поголем од 10 лица.
Најголем број случаи и највисока инциденца се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Струмица, а бројката кумулативно изнесува 171 случај на заболени од грип.
Во земјава вупно има 1.035 лица болни од грип. Како и претходната, така и во оваа недела најголем број случаи се пријавени во возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 16,4/100.000 жители е регистрирана кај најмалите, децата на возраст од 0-4 години.
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО): постарите лица (над 65 години); деца на возраст од 6-59 месеци; лица постари од 6 месеци со хронични болести; бремени жени; и здравствени работници.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.