Денес, 11.01.2020 година, (сабота) во 14.45 часот, на регионалниот пат Струмица – Берово во близина на превојот Палазлија, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 4 пожарникари интервенираше на гасење на запален автомобил.
За жал, како што известија од ТППЕ Струмица, поради големата оддалеченост и надморска висина пожарот бил во поодмината фаза и не било возможно да се спаси автомобилот, освен да се изврши локализирање и целосно ликвидирање на пожарот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.