Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Одбележана 77-годишнината од убиството на првоборецот Герас Цунев

Во организација на Општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 и граѓани продолжувачи – Струмица, денеска со пригодна свеченост која што се одржа пред спомен бистата во малиот градски парк беше одбележана 77-годишнината од убиството на првоборецот Герас Цунев.

За животот и делото на првоборецот зборуваше Соња Чурлинова претседател на Општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 и граѓани продолжувачи – Струмица, а лични творби читаа ученици од основното општинско училиште „Герас Цунев“ од Просениково.

Почитувајќи го животот и делото на Герас Цунев, градоначалникот Коста Јаневски присуствуваше на одбележувањето и положи свежо цвеќе пред спомен бистата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.