Струмица 8°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмички средношколци дискутираа дали роботите ќе го заменат земјоделецот

Фотографија објавена на јавниот профил на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица
Фотографија објавена на јавниот профил на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица
  • Милица Дончева и Роза Делева ги водеа експериментите и дискусиите.
  • Учениците разгледаа и како може да се одгледува храна во зграда.

Учениците од СОУУД „Димитар Влахов“ во Струмица дискутираа дали роботите ќе го заменат земјоделецот. Преку примери од современите фарми разгледаа како се автоматизира работата и каква улога има вештачката интелигенција во земјоделството.

Наставничките Милица Дончева и Роза Делева ги водеа дискусиите, експериментите и другите интерактивни активности. Со учениците разгледаа примери за прецизно земјоделство, од користење „GPS“ и земјоделски дронови до употреба на сензори, паметни системи и земјоделски податоци.

Може ли да се произведува храна во зграда беше прашањето со кое учениците го разгледаа вертикалното земјоделство, односно одгледувањето растенија на повеќе нивоа. Разговараа и за паметните оранжерии, за одржливото земјоделство и за тоа какви професии би можело да има на фармите во иднина.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.