Предлогот се однесува на брачни парови во кои барем еден од сопружниците има до 35 години. Цената би била 20% пониска од просечната за претходната година во истата катастарска општина; за купувањата следната година би бил меродавен годинашниот просек.
За да добие дозвола за градба, градежната компанија би требало уште при урбанизацијата и проектирањето да издвои најмалку 10% од станбената површина за паровите што ги исполнуваат условите. Мицкоски ги повика градоначалниците да размислат и за попуст на комуналиите за тој дел од новоградбите.
Вториот предлог е за паровите што го исполнуваат истиот старосен услов, но сакаат да градат куќа: општините не би им наплаќале комуналии за изградбата. Мицкоски ги повика ЗЕЛС и градоначалниците да подготват урбанизирани парцели и да ги понудат на јавно наддавање од едно евро за квадратен метар.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.