Работилницата „Од латинскиот до италијанскиот јазик“ се одржа по повод Месецот на науката. Таа ја поврза наставата по јазици со угостителско-туристичката струка: учениците ги истражуваа италијанските кулинарски традиции и улогата на италијанската култура во гастрономијата и туризмот.
Рецептот за брускета послужи како пример за пишување рецепт. Покрај називите на состојките, на двата јазика беа дадени и упатствата за подготовка, од потпечување на лебот до додавање маслиново масло, сол и босилек. Меѓу прашањата за географијата на Италија беа и кој е главниот град на Сицилија и во кој дел од земјата се наоѓа Тоскана.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.