Одделението „Комунална хигиена“ при ЈКПД „Комуналец“, по пријава од сопственици на објекти на улицата „Антон Панов“, денес рачно и со механизација започна со чистење на дивата депонија која се наоѓа во тој дел од градот.
Секојдневно работиме на тоа бројот на ваквите депонии кои остават грда слика да се намалат известуваат од јавното претпријатие.
„Укажуваме и апелираме граѓаните да бидат совесни и да не го истураат својот шут и отпад , туку да се јават во Комуналец и истиот ќе биде подигнат во најскоро време, со што би се спречило повторно обновувње на истите диви депонии“ се вели во соопштението на „Комуналец“
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.