Фотографија објавена на јавниот профил на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица
Ученици од СОУУД „Димитар Влахов“ во Струмица денес заедно со своите професори учествуваа во есенската сеидба на пченица на училишната економија. Наставата на нива беше можност знаењата од училницата да ги применат во практична работа.
Како што посочуваат од училиштето, учениците се запознаа со работата на сеалката. Посебно внимание беше посветено на значењето на правилната длабочина на сеидбата за рамномерно никнување на пченицата.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.