И оваа година Општина Струмица продолжува со доделување на еднократна парична помош за секое новороденче на Одделението за гинекологија и акушерство во болницата во Струмица.
Еднократната помош изнесува 3.000 денари, а ќе ја добијат полнолетни родилки со постојано место на живеење на територијата на општина Струмица.
Предлог одлуката беше усвоена на последната седница на Советот којашто се одржа на 29 јануари.
Во минатата година ваква помош им беше доделена на 319 новороденчиња.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.