Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Пожарникарите наградени за навремената реакција при вчерашниот пожар

Денес во просториите на ТППЕ Струмица, во знак на благодарност и почит за вчерашната навремена, брза и пожртвувана интервенција сопственикот на „Електромеханика“ ги посети и донираше телевизор.

Вчера, во 09.22 часот, во објектите кај Ракиџиски мост во поранешниот комплекс на ЗИК „Струмица“ кој се наоѓа на стариот пат од излезот на Струмица кон Радовиш, ТППЕ Струмица со 15 пожарникари и со 4 ПП возила и 1 ПП возило од ППЕ Радовиш интервенираше по добиена дојава за пожар.

Во објектите беа сместени повеќе фирми кои имаат свои магацински простори, сервис, буриња со моторно масло, работилници и погон за мебел.

Вработените во противпожарната единица упатија благодарност за донацијата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.